Гушкајте силно! Среќните прегратки создаваат среќно дете.

Дали знаете дека постои „Светски ден на прегратката“? Тоа е „празник“ кој ја слави љубовта и добрите вибрации. Иако секој ден од годината треба да го користиме за да воспоставиме што поголема блискост и контакт со луѓето околу нас, овој „празник“ може да послужи да нѐ потсети што прават прегратките со нашето тело и ум.

Велат дека најдобрите мали задоволства во животот се бесплатни, а прегратката дефинитивно е едно од нив.

Сте се запрашале ли дали одвојувате доволно време дневно за гушкање со вашите најмили? Со брзиот начин на живот, некако ги забораваме вистинските вредности. Тоа подразбира дека треба  почесто да уживаме во моментите поминати со нашите најмили, да се смееме и мнооогу да се гушкаме.

Прегратката ја отстранува тагата и нѐ прави посреќни, па така, доволно е пет до шест прегратки дневно за подолг и поубав живот.

Новата кампања на „ЕЛО“ ги повикува сите родители да ги прегрнат своите најмили. Кампањата започнува денес, токму на „Светски ден на прегратката“, а ќе трае до крајот на месец јануари.

Eден од наједноставните и најдобри начини за развој на детската интелигенција е – гушкањето. Според истражувањата, прегратките, како начин на физичко покажување наклонетост и љубов, се многу важни за здравиот развој на детето.

Бебињата кои добиваат многу физички контакти и прегратки се преплавени со добри чувства.

Има многу други придобивки од гушкањето, како што е стимулирање на ослободувањето на хормонот окситоцин (хормонот за љубов, добро чувство) кој помага да се зајакне имунолошкиот систем на детето и помага раните побрзо да зараснат. Познато е дека прегратките придонесуваат за подобро емоционално здравје и стабилност на децата.

Затоа, започнавме кампања на прегратки. Сѐ што треба да направите, е да ни испратите фотографија  како се гушкате со вашите најмили, а за оние со најтопла прегратка, следуваат награди од новата колекција на „ЕЛО“.

Затоа што, како што некој кажал –„Прегратката е најдобриот подарок – една големина одговара на сите“.

Гушкајте се и споделувајте прегратки!

Зачувајте ги најубавите моменти со „ЕЛО“!

Кошничка0
Нема продукти
Продолжи пазарење
0
X